Oва се земјите каде ќе може да летуваат /патуват вакцинирани туристи

Некои земји низ светот веќе најавија отворање на границите за странски гости, но само за оние што се вакцинирале против коронавирусот. Ова лето веројатно ќе може да патувате во некоја од следниве земји доколку сте вакцинирани.

Грција

Грција ќе ги отвори границите за туристите на 14 мај, но тие ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или не се позитивни на коронавирусот во тој момент.


Фото: Pixabay
Португалија

Португалија ќе прима туристи летово, но тие мора да покажат доказ дека се вакцинирани или негативен тест за Ковид-19. Границите ќе бидат отворени од 17 мај.

Хрватска

Вакцинираните туристи ќе бидат пуштени во Хрватска без да се изолираат или тестираат при пристигнување. Туристите мора да докажат дека примиле две дози од вакцина против коронавирусот и чекале 14 дена по втората доза пред да патуваат.

Тајланд

Тајланд ќе почне да прима туристи што се вакцинирани од 1 јули, а островот Пукет ќе биде првата дестинација што ќе прима странски туристи. Подоцна годинава ќе може да се патува и на други дестинации во земјата. Сепак, туристите ќе треба да останат во земјата барем седум дена.

Кипар

Кипар ги отвори границите порано годинава, но од туристите се бара почитување на разни мерки во зависност од земјата од која доаѓаат. За земјите што се во најризичната категорија ќе бара негативен резултат од тест за Ковид-19 и изолација по пристигнувањето.


Фото: Pixabay
Мадеира

Архипелагот и автономен регион во Португалија прима туристи кои се вакцинирани или прележале Ковид-19.

Белизе

Оваа карипска нација ги поканува вакцинираните патници да ја посетат без да покажат негативен резултат од тест за Ковид-19. Добредојдени се посетителите што може да докажат дека ги примиле двете дози од вакцина против болеста, примени повеќе од 2 недели пред патувањето. Оние што не се вакцинирани треба да покажат негативен резултат од тест за Ковид-19.

Полска

Полска ја укина мерката за карантин за патниците што се вакцинирани. Може да влезат и лица што имаат нов негативен резултат од тест за Ковид-19.

Естонија

Естонија ги прима патниците што прележале Ковид-19 или се вакцинирани. Сите други посетители мора да поминат 10 дена во карантин, со исклучок на некои земји што се во категоријата на малку ризични земји.

Сејшели

Сејшелите планираат да ја отворат туристичката сезона со тоа што ќе ги укинат мерките за задолжителен карантин за посетителите што биле вакцинирани. Сепак, дури и вакцинираните лица мора да покажат доказ за негативен резултат од тест за Ковид-19. Лицата што не се вакцинирани може да влезат во земјата доколку имаат негативен тест.


Фото: Pixabay
Грузија

Странците може да влезат во Грузија од февруари, но треба да се вакцинирани. Не е потребно тестирање и не се бара изолација при пристигнувањето.

Романија

Романија известила дека ќе ги прима туристите што ги примиле двете дози на вакцина против Ковид-19. Треба да поминат барем 10 дена по примањето на втората доза за да се патува.

Исланд

Сите туристи што се вакцинирани за Ковид-19 се добредојдени на Исланд. Вакцината треба да биде одобрена од Европската агенција за лекови.

Малта

Државата неодамна најави дека ќе им плаќа по 200 евра на сите посетители што ќе останат во државата барем три дена. Државата најави и пуштање туристи од Велика Британија кои се вакцинирани или имаат негативен тест, а според меѓународниот аеродром во Малта, летово ќе има директен лет и со Македонија.

Израел

Израел ќе пушта вакцинирани туристи од 23 мај. На почетокот ќе се пуштаат само одредени групи посетители, но се очекуваат повеќе детали за планот.


Извор: independent.co.uk

You might also like
Menu