Победникот на релното шоу Спејс Хиро ќе оди во вселената.Еве кој може да се пријави

НАСА потпишала договор со организаторите на реалното шоу „Спејс хиро“ за да го испрати победникот во Меѓународната вселенска станица. Тој ќе остане во станицата 10 дена.

Сè уште не е познат форматот на реалното шоу, ниту бројот на учесници, но се знае дека оние што сакаат да учествуваат треба да бидат подготвени за ригорозен тренинг и тешки тестови кои ќе ги предизвикаат ментално, физички и емоционално, пишува „Дејли мејл“.

Продукциската компанија планира да го емитува реалното шоу низ целиот свет, а сите гледачи ќе може да гласаат за натпреварувачите. Компанијата „Аксиом спејс“ ќе го организира патот до вселената, кој ќе чини 55 милиони долари.


Фото: Pixabay
За учество во реалното шоу, може да се пријавува секој што течно зборува англиски јазик, има најмалку 18 години и е подготвен да оди во вселената најрано во 2023 година.

Реалното шоу треба да има 15 сезони во следните 30 години, а победниците од подоцнежните сезони можеби ќе имаат шанса да летаат до Месечината или дури и до Марс, во зависност од напредокот на истражувањето на вселената.

Треба да се договорат уште детали пред да започне шоуто и засега не се знае кога ќе почне.


Извор: dailymail.co.uk 

You might also like
Menu