По желба на кралицата, Бакингемската палата ја објави нејзината омилена фотка со сопругот, неколку часа пред да се збогува за последен пат од принцот Филип по 73 години брак.

На погребот, во согласност со препораките за Ковид епидемијата присуствуваа малку луѓе, а Кралицата ја напушти капелата во солзи.
Цвеќиња послани пред капелата St. George
Кралицата го загуби својот сакан сопруг по 73 години среќен брак, а нејзина желба била со јавноста да ја сподели омилената фотка со него, неколку часа пред последното испраќање.
На фотографијата направена во 2003-та, парот е на летен одмор, а насмевките на нивните лица кажуваат повеќе од сите зборови со кои би се опишал еден среќен момент.
Во сосема природно и опуштено издание, парот уживал на пикник