Пандемијата беше причината поради која многу од двојките ја откажаа својата свадбена веселба. Некои се одлучија да го сторат тоа кога се’ ќе помине, а други пак решија да се адаптираат на ситуацијата и да приредат поскромна веселба само за најблиските.
Ваквата одлука се одрази и на изборот на венчален фустан и полежерни комбинации за младоженците.
Страницата АСОС е една од онлајн продавниците со широк спектар и на венчаници, помеѓу другите производи, а една од нив се продала повеќе од 14.000 пати

Се работи за моделот „Софија“, а според статистиките, на секои три минути се продавала по една венчаница.
Фустанот е со V-израз во предниот дел и на грбот со кратки ракавчиња од тантела. Долниот дел е долго плисирано здолниште.


За популарноста придонесе и цената – венчаницата чини 187 евра и дефинитивно може да се рече дека е најпродаваниот фустан.