Соседите го разврзаа јазикот: На сцената е голема ѕвезда, а еве како Здраво Чолиќ се однесува приватно

Пејачот Здравко Чолиќ заедно со сопругата Александра и двете ќерки живее во елитна населба во Белград, а својот приватен живот се труди да го сокрие од очите на јавноста.

Соседите на пејачот октриваат како тој се однесува приватно и кога не е на сцена.

-Здравко е некој кој остана скромен и приземен, тој никогаш не се однесуваше како aвезда, туку како обичен човек, господин. Ние сме од истата населба, имам три деца и често ги носам во Косутњак, во паркови и на игралиште, и таму го сретнав неколку пати со ќерка ми Лара. Се гледа дека девојчето е воспитано, а Здраво е поствен татко. Изгледа ужива да ја гледа како трча, игра и се дружи со децата, а ни таа не е арогантна и не се однесува како децата на богатите луѓе – вели сосед во близина на куќата на Здравко и открива дека пејачот не сака да се истакнува.

„Искрено да ви кажам, малкумина во паркот би го препознале Здравко. Тој е повлечен, става капа или качкет ако е поладно и воопшто не е наметлив. Секогаш ми е драго што го гледам. Ме потсетува на моето детство, пораснав на неговата музика. Тој секогаш ја чуваше својата приватност, неговото семејство никогаш не го експонираше во медиумите, претпоставувам дека не сакаше да го наметне тој товар што им го носи на децата неговата слава. Гледам дека луѓето го почитуваат, секогаш се среќни кога ќе го препознаат, и тој има убав збор за сите. Живееме во соседството и тука никогаш не сум слушнал некој да рече нешто лошо или дека постапката на Чолиќ му пречела.

Се чини дека во  крајот сите го сакаат Здравко, а еден од соседите открива дека им е чест кога оваа балканска ѕвезда ги поканил во неговиот дом.

– Неговата вила е добро обезбедена, има две порти, простран двор, вистинско уживање. Тој се дружи со неколку соседи, велат дека уживаат со него со добро вино во дворот кој е секогаш уреден, тој има градинари кои се грижат. Понекогаш сака да ги засука ракавите, дури и да џогира, раскажува еден сосед, додека неговата партнерка открива дека таа била гостинка на сопругата на Здравко во неколку наврати:

– Ја познавам неговата сопруга Александра подобро од Здравко, таа е пријатна и нежна жена, прекрасна сосетка!Тие се хармоничен и убав пар.

Izvor: Srbijadanas.rs

You might also like
Menu