Во Тајпеј, главниот град на Тајван, работодавците им даваат на младоженците осум дена годишно платено отсуство, па еден човек кој работи како службеник во банка, одлучи да ја искористи таа можност неколку пати.
Имено, тој се развел три пати и четири пати се оженил со истата жена, со цел да ги искористи платените денови за годишен одмор што му следуваат поради женидба.
Целата „акција“ траела само 37 дена, со што добил 32 дена платено отсуство.
Според законите на Тајван, едно лице има право на 8 дена платено отсуство кога е во брак, што е точно она што неименуваниот службеник го добил кога се оженил минатата година, на 6 април.
Меѓутоа, неговата замисла била само почеток за кој однапред се подготвил, пренесува „Одити централ“.
На последниот ден од своето осумдневно отсуство, Тајванецот се развел од сопругата, па следниот ден повторно се венчал со неа и побарал нов циклус од 8 дена, на кој сметал дека има право според законот. Така дошло до четири венчавки и три разводи за само 37 дена, од кои 32 ги поминал дома.
Откако банката во која е вработен сфатила што се обидува, одбила да му одобри уште 8 дена отсуство, што на анонимниот маж никако не му се допаднало. Бидејќи одлучил да продолжи со првобитниот план, службеникот поднел жалба против својот работодавец, обвинувајќи ја банката дека го крши законот со непочитување на правилата за отсуство од работа.
Била спроведена истрага и судот донел одлука дека банката навистина го прекршила законот за работа, а работодавецот бил казнет со 700 долари во октомври лани.
Случајот брзо станал вирален на социјалните мрежи и предизвикал жестока расправа помеѓу луѓето кои не можеле да поверуваат дека постои таква дупка во законот и оние кои тврделе дека законот му дозволува на било кој да ја изведе истата замисла. Сепак, никому досега не му паднала напамет ваква идеја, освен на овој Тајванец.