Проверете дали имате детективско око

Детективското око можеби ќе ви биде од корист, но во овој квиз не станува збор за крими загатки – мислите ли дека ќе се снајдете?

kviz-5-zagatki-za-najostroumnite-imate-li-detektivsko-oko-01.jpg

Само најостроумните кои не пропуштаат ниту еден детаљ и од најмала ситница прават приказна во глава, ќе успеат да се снајдат со сите прашања.

Обидете се откако ќе ја прочитате загатката, да дадете одговорт за 10 до 15 секунди. Ќе успеете ли или ќе се измачите?5 загатки за најостроумните – имате ли „детективско око“?

  1. 1. Две близначки Маја и Ана кажале дома дека ќе одат во библиотека да учат, но една од нив била на забава. Кога се вратиле, нивните родители веднаш знаеле која девојка не била во библиотека. Знаете ли и вие?Одговор
  2. 2. Елена чекала достава која не пристигнала во договореното време. Таа морала да оди на работа, па му кажала на сопругот во меѓувреме тој да оди во пошта и да ја побара пратката, бидејќи таа немала време со оглед на тоа што било далеку за пешки. Кога се вратила дома, нејзиниот сопруг ѝ кажал дека во поштата му рекле дека пратката никогаш не пристигнала. Елена знаела дека тој ја лаже и дека воопшто не го напуштил домот за да оди во пошта. Како знаела?Одговор
  3. 3. Студенти по економија дошле да го полагаат јунскиот испит. Сите биле загрижени за полагањето. Студентите влегле во предавалната и на сите им било доделено место за седење. Професорот бил убеден дека еден од студентите ќе препишува и го замолил да седне во прв ред. Како знаел и ќе откриете ли кој е тој?Одговор
  4. 4. Марија и Сандра полагаат испит, а двете седат во прв ред. На една од нив, професорот ѝ се обратил велејќи дека знае дека препишува. На која девојка ѝ се обраќа и како знаел дека препишува?Одговор
  5. 5. Михаела се сомневала дека нејзиниот брат се гледа со една од нејзините две другарки Лина и Натали, но не била сигурна за која станува збор. За време на домашната забава, нејзиниот брат се задржал во собата долго време, а откако излегол од собата, Михаела влегла да побара некој доказ. И пронашла нешто што ѝ помогнало да открие за која девојка станува збор. Откривте ли вие?

Извор: Црно-бело

Слични Вести
Menu