Докторите кои се волни преку едноставни совети да им помогнат на луѓето, честопати се гости во емисии каде на „пластичен“ начин ги објаснуваат здравствените аспекти за да можат истите да бидат разбирливи и за обичниот народ.
Еден од нив е и д-р Емир Солаковиќ, општ срцев и васкуларен хирург, чест гостин во ТВ емисиите. Овојпат тој ја објасни важноста од правилно одбраниот појадок, па наведе што би требало да појадуваат жените, а што мажите, за да бидат вити и здрави. Тој исто така, ги откри и честите зам-ки во кои паѓаат луѓето при изборот на „здрава храна“.
“На вашиот мозок му е потребен шеќер за да се нахрани, но кој? Јас ви препорачувам да сварите овес и да додадете неколку коцки темно чоколадо, па додајте и некоја сува слива. За појадок организмот ќе ви рече: Ти благодарам што ме нахрани со ова“.
Организмот го сака овесот, бидејќи тој од сите намирници ја има истата супстанција како и мајчиното млеко. Немојте да јадете готови купечки мешавини од снегулки, зошто тоа е ѓу-бре и преполно е со шеќер. Сварете си чист овес како што варите пченица.
После ова можете слободно да испиете кафе без шеќер и ќе дојде до празнење на цревата. Е, дури сега сте спремни за работа. Ќе можете да истерате 6 часа без никаков проблем. Организмот ќе ви функционира перфектно и ќе бидете исполнети со енергија без главоболки.
А доколку се одлучите за поинаков појадок, и на пример изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле чист шеќер. Организмот нема да знае дали изел кифла, тој ќе ја свари како шеќер. Колку е побел лебот, толку тој е поголемо ѓу-бре.Кога пиете кафе, изедете и коцка црно чоколадо. И посната морска риба го намалува притисокот. Јас така живеам! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите притисокот, пешачете и не бидете дебели. Не можете да бидете дебели и здрави. Дебелите луѓе се болни луѓе.Ниту еден доктор не може да ви помогне ако вие сами не си помогнете. „Кој може да знае подобро од вас самите?”, заклучува докторот.