Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, се појавува во реалното шоу кое Нетфликс го снима за нејзиниот живот.
Платформата истакнала дека идејата е да ја покаже нејзината емотивна страна, позади сите фотографии и големи наслови. Таа ќе зборува за сите аспекти од својот живот, од оние јавни и најпознати до најличните, наведува Нетфликс, објави „El Pais“.
Снимањето започнало пред неколку недели, но и понатаму не се знаат многу детали за проектот како ни кога ќе биде емитуван. Исто така, не е познато дали ќе се појави Роналдо, но веројатно е дека ќе зборува и за тоа и како го запознала во 2016 година додека работела како продавачка во продавницата на Гучи во Мадрид.