Заработува милиони, но е пред банкрот. Сопругата на Робер Де Ниро го исцеди целосно

Бракоразводните парници често знаат да се одолговлечат и да станат мошне скапи и непријатни. Додека медиумите пишуваат за разводот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли, што се чини дека се развлекува до недоглед, уште еден развод со уште еден светски познат актер се најде во фокусот. Тие повеќе не водат битка за старателство, туку кај нив во моментов сѐ се сведува на пари.

Имено, Роберт Де Ниро води повеќегодишна битка за развод со неговата поранешна сопруга Грејс Хајтауер. Во меѓувреме, од 2018-тата кога поднел документи за развод, според адвокатот на познатиот актер, Де Ниро мора „да работи до смрт“ за да го оддржува екстравагантниот животен стил на Хајтауер, која го „цеди“ актерот за да троши на дизајнерска облека и луксузни додатоци како дијамантски прстен вреден над 1 милион долари.

Како што неодамна пишуваше Page Six, адвокатот на Де Ниро, Каролин Краус, во неодамнешната виртуелна парница тврдела дека актерот должи милиони долари за данок и дека се надева оти со парите што ќе ги добие од следните два филма ќе успее да си ги отплати долговите.

deniro-6.jpg

Инаку, Де Ниро и Хајтауер имаат две деца заедно, а во 2004-тата година потпишаа и предбрачен договор, но, условите од овој договор нема да стапат на сила сè додека во целост не се заврши судската парница. Сѐ дотогаш двократниот Оскаровец треба да го оддржува скапиот животен стил на сопругата.

„Господин Де Ниро има 77 години и иако ја сака својата дејност, тој не треба да биде присилен да работи со ова невозможно темпо затоа што мора. Кога ќе престане ова? Кога тој ќе добие можност да не го прифаќа секој проект што ќе му се понуди и да не работи шест дена неделно по 12-часа дневно, за да биде ‘во чекор’ со апетитот на г-ѓа Хајтауер за Стела Меккартни. Може да се разболи утре и толку од забавата“ – изјавила адвокатката.

Според тврдењата на Краус, по разделбата Хајтауер (66) трошела баснословни суми пари, па така само во 2019-тата година, потрошила 1,67 милиони долари, од кои 1,2 милиони долари ги потрошила на дијамантски прстен.

Од друга страна пак, адвокатот на Хајтауер, Кевин Мекдоналд, вели дека ниту актерот не заостанува во трошењето: имено тој тврди дека Де Ниро потрошил милиони на реновирање на домот и чести патувања со хеликоптер и приватен авион.

deniro-2.jpg

Адвокатите на Хајтауер исто така се жалат дека Де Ниро неправедно почнал да ја намалува сумата пари што ѝ ја отстапува на поранешната сопруга, па така на почетокот Хајтауер добивала од актерот по 375.000 долари, а сега „само“ по 100.000 долари месечно.

deniro-3.jpg

Поранешната сопруга на актерот бара 50 отсто од целото богатство на познатиот холивудски актер, но според условите на нивниот предбрачен договор, таа треба да добие стан вреден 6 милиони долари, 500.000 долари во кеш, по еден милион долари годишно и половина од вредноста на нивниот дом.

Robert-De-Niro-Grace-Hightower-Elliot-De-Niro-2004.jpg

Де Ниро и Хајтауер се заедно од 1997-мата година, кога за првпат стапија во брак. Тие се разделија две години подоцна во 1999-тата, а во 2004-тата се смирија и ги обновија брачните ветувања.

Во 1998-мата година Хајтауер на 42 години го роди нивното прво дете, синот Елиот кој има аутизам. Во 2011-тата Де Ниро и Хајтауер го добија второто дете Хелен преку сурогат мајка.

Инаку, двојката водеше битка и за старателството над Хелен, по што постигнаа договор во јануари 2020-та година.

You might also like
Menu