Австралиец бара судски да се докаже дека е син на Чарлс и Камила

И покрај фактот дека бил три пати одбиен од страна на австралискиот суд од кого барал да се утврди неговото биолошко потекло, сепак Сајмон Доранте-Деј не се откажува.

Тој тврди дека принцот Чарлс и неговата сопруга Камила се негови родители.

Австралиецот Сајмон Доранте-Деј тврди дека е вонбрачен син на принцот Чарлс и Камил Паркер-Боулс, а има и фотографии што го докажуваат тоа. Сајмон Доранте-Деј е роден во април 1966 година, по што го посвоило семејство кое има врски со Бакингемската палата.

– Мојата баба, која работеше за Кралицата, неколкупати отворено ми рече дека сум син на Камила и на Чарлс – изјавил Симон за „7њуз“.

Доранте-Деј толку многу верува во фактот дека тој е син на Камила и Чарлс, така што три пати се обидел да го докаже тоа пред австралискиот суд, но неговите обиди пропаднале.

Сепак, Сајмон сè уште верува дека е дете на славната двојка и тврди дека тие го зачнале кога имале 17 и 18 години

Чарлс и Камила никогаш не реагирале на неговите тврдења.

Но, дека не планира да се откаже, покажуваат и неговите објави на Фејсбук, имено, тој објави фотографија на која тврди дека е очигледна неговата сличност со кралицата Елизабета Втора.

– Бевме изненадени од она што го видовме. Мојата сопруга Елви и јас гледаме многу сличности помеѓу членовите на кралското семејство и нашите деца, но ова ми ги отвори очите – рекол Сајмон во својата објава на Фејсбук

Сајмон и Елви објавиле на Фејсбук фотографија од нивниот 20-годишен син Лиам и го споредиле со фотографијата на кралицата, а некои коментатори тврдат дека сличноста е неверојатна.

– Многу луѓе реагираат на тоа, бидејќи е тешко да се негира сличноста – заклучил Сајмон.

Ниту тој, ниту неговото семејство, вели тој, не планираат да се откажат од барањето за докажување на неговото вистинско потекло.

Слични Вести
Menu