За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојосувате јајца
Ви го претставуваме најубавиот и наједноставниот начин да добиете совршени шарени јајца за Велигден!
Идејата ја позајмивме од Русинките, чиј метод на ладно боење потполно воодушевува.
За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојосувате јајца.
Постапка:
Секое јајце посебно завиткајте го во салфета (ако се повеќеслојни, раздвојте ги слоевите салвета и користете по еден за едно јајце). На врвот врзете ластиче за тегли, па потопете го памукчето од стапчето за уши во боја и спонтано нанесувајте ги боите на јајцата.
Кога ќе бидат обоени од сите страни, оставете ги да се сушат 15 минути. Потоа, одвиткајте ја салветата. Вашите феноменални велигденски јајца се готови!
Деталната постапка погледнете ја во следново видео…