Незаборавни фустани на Оскарите кои привлекоа најголемо внимание низ годините

Доделувањето на престижните награди Оскари ќе се одржи вечерва, традиционално во Лос Анџелес.

А традицијата на доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и наука ја одбележуваат и раскошните фустани кои секоја година ги гледаме на црвениот тепих.

Ѕвездите многу внимателно избираат што ќе облечат за доделувањето на престижните награди, а во морето фустани кои ги носат тешко е да се издвојат оние најубавите, најдобрите и највпечатливите. На Оскарите сме виделе екстравагантни, провокативни и најразновидни тоалети, но овојпат предност им даваме на раскошните креации.

Првите Оскари беа одржани на 16 мај 1929 година, а многупати на овој настан беше променета историјата. Еден од примерите е и доделувањето на наградите во 2002 година на кое актерката Хали Бери беше наградена со Оскар за улогата во филмот „Monster’s Ball“, со тоа станувајќи првата Афроамериканка која некогаш ја добила оваа награда.

Каков фустан носеше Хали Бери таа победничка вечер, но и фустаните кои привлекоа најголемо внимание низ годините, можете ги да погледнете од фотографиите во продолжение:


You might also like
Menu