Вила во Хрватска која ја препорачува Форбс за одмор на своите најбогати читатели

„Винскиот ресорт на море е една од најинтересните туристички описи кои што ги збогатува идиличните денови поминати на крајбрежје“, напишал „Forbes“ за Вилата Катарина која што е дел од винаријата што неуморно освојува награди и признанија.

Американското семејство Андерсон ги споило своите страсти кон виното во Хрватска во која се заљубиле на едно од своите патувања и изградиле винарија, а потоа го купиле и хотелот Ривиера.

По долго време поминато во проектирање Вилата Катарина ги отворила своите врати за првите гости во 2018 година.

Осумте индивидуално уредени апартмани распоредени во елегантна и пространа камена вила чиј дизајн го потпишува госпоѓата Мари Меко едноставно восхитуваат.

Во вилата има модерна технологија, поседува стилски мебел, а собите имаат поглед кон големото синило.

„Иако рајското задоволство од тој вид може да се најде во најдобрите вински дестинации ширум светот, сепак ги нема многу. Вилата Катарина се наоѓа во Хрватска, земјата која што во последниве години е ‘жешка’ дестинација, чии острови и крајбрежје се примамливи и за љубителите на јахтите.

Оние со подлабок џеб можат да си резервираат и гастрономски тури и да ја вкусат софистицираната и медитеранска хрватска кујна“, напишал „Forbes“.

Слични Вести
Menu