Мелиса Вивијан Џеферсон (33), познaта под уметничкото име Лизо е печајка, музичарка (свири флаута) и актерка. Родена е во Детроит, порасната во Хјустон, а својата музика ја опишува како „црковен госпел со кој се тверка“.
Лизо едноставно е спој на неспоивото. Со своите 177 сантиметри висина и 140 килограми тежина, Лизо е „голема“ жена.
Музичарката од 10 години свири флаута, а дипломирала и на тој музички инструмент. Иако нејзината музика е тука за да заблеска во овој момент и да понуди нешто ново, сепак Лизо повеќе се гледа отколку што се слуша.
Нема личност која што нема со отворена уста и очи да ги набљудува нејзините настапи и спотови.
Америка исто така ја обожува Лизо поради „позитивниот став кон телото“. Лизо е масивна и е горда на тоа, а тоа гојазните луѓе ги мотивира и поради тоа уште повеќе ја обожуваат.
Пејачката со гордост се соблекува и ги покажува своите облини во јавноста
Таа неодамна открила и дека сериозно патела од депресија, а во Холивуд ја нарекуваат „остров на чистата вистина“.
Во 2010 година починал татко ѝ, а тогаш 21-годишната пејачка потонала во депресија.
Нејзиниот татко ѝ бил најголемиот фан.
„Бев во фазон: ‘немам повеќе причини за ова, јас сето ова го правев поради него’. Но, потоа сфатив дека морам да го правам и поради себе“, изјавила Лизо.
„Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам црна. Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам жена. Не можам еден ден да се разбудам и да не бидам дебела.
Отсекогаш сум била црна, жена и дебела. Отсекогаш сум ги имала овие три работи против себе на овој свет и поради тоа морам да се борам за себе, јас морам да се борам и за сите вас кои што сте исти како мене“, изјавила пејачката за тинејџерски „Vogue“.