Што значат боите со кои се фарбаат јајцата на Велики петок? Секоја боја носи одредена симболика

Најчесто се фарбаат црвени јајца како симбол на пролиената крв на Исус Христос за спас на човечкиот род. Затоа црвената боја е симбол на љубов и жртва за добробитот на сите луѓе, но и симбол на духовната будност, милосрдие, радост и љубов.

Зелена

Освен што таа е боја на тревата, зелената боја со себе носи и надеж и претставува раѓање и обнова. Таа е симбол на плодност, здравје, надеж, свежина и богатство.

Виолетова

Виолетовата боја во текот на Велигденските празници претставува вера, доверба, трпение и пост.

Сина

Сината боја ја симболизира вистината, небото, доброто здравје и верноста. Светлосината боја е боја која симболизира рај или небо и вода. Таа исто така го означува почетокот на новото создавање, мир и согласност. Имено, чисто синото небо и дождот се тие кои овозможуваат развој на новата пролет.

Портокалова

Портокаловата боја означува издржливост, сила, амбициозност. Претставува надеж и се поврзува со новото изгрејсонце, почетокот на новиот ден и новото годишно доба.

Жолта

Жолтата боја се поврзува со сончевата светлина. Тоа е боја која носи среќа и радост, а симболира светлост, жетва, младост и чистота.

Розова

Розовата боја го симболизира новиот свеж почеток. Исто така ова е боја за која се врзуваат и разиграност, успех и задоволство.

Златна

Златната боја ја симболизира духовноста и мудроста, а кафеавата боја е симбол за великодушност.

You might also like
Menu