Градот на крадците: За туристите интересно, а локалците живеат во кафези

Околу 4.500 мајмуни владеат на улиците на тајландскиот град Лопбури и нивниот број со години не се намалува.

Тоа е голема атракција за туристите, но не и за локалните жители поради тоа што за нив тоа е вистинска главоболка.

Некои од граѓаните живеат во жичани „кафези“, огради кои што морале да ги постават околу своите домови за мајмуните да не им ја крадат храната, да им ги земаат работите и да ги малтретираат.

Граѓаните кои што се емпатични во врска со мајмуните признаваат дека не е лесно тие да бидат во Лопбури поради тоа што животните таму немаат питки извори за вода ниту пак доволно дрвја за да се искачуваат на нив.

Поради тоа тие им помагаат колку што можат. Во текот на пандемијата на коронавирусот ситуацијата се влошила, па градските власти инсистирале да се зголеми стерилизацијата на мајмуните.

This picture taken on June 20, 2020 shows a longtail macaque baring its teeth in the town of Lopburi, some 155km north of Bangkok. – Lopburi’s monkey population, which is the town’s main tourist attraction, doubled to 6,000 in the last three years, forcing authorities to start a sterilisation campaign. (Photo by Mladen ANTONOV / AFP) (Photo by MLADEN ANTONOV/AFP via Getty Images)
You might also like
Menu