Цел интернет полуде по овој “паметен’ реквизит кој брзо ја топи половината (видео)

Обожавателите на фитнесот полудеа по реквизитите кои им помагаат да ослабат или да го извајаат своето тело за претстојните топли денови. Додека некои купуваат минијатурни трамболини, еластични ленти и тегови, новиот тренд е лансиран од ТикТокери кои откриле сосема поинаков гаџет.

„Паметниот“ хула-хоп се поставува околу половината, а на него има и мала тежина во форма на топче. Се врти за 360 степени, а прстените на него ја масираат половината и така наводно се топат сантиметри.

Инфлуенсерката Маријарма Саидлиег го набави и започна да вежба. Го користи секој ден 30 минути. На првиот ден, таа измери обем на половината од 66 сантиметри, а на третиот ден само 64. Нејзината цел е да провери каков ќе биде ефектот по еден месец од користењето на тој хула-хопот.

Оние кои го пробале велат дека е незгодно да се стави и да работите со него додека не стекнете навика. Наводно влијае на мускулите на нозете, јадрото и задникот.

@mariarmasaidyliegh

It’s your sign, get one✨ #fyp #dayinthelife #hulahoop #weightlossprogress #weightedhulahoop #ukfashion #streetstyle

♬ Kontrol – Maleek Berry
Слични Вести
Menu