Како да се надмине потребата од благо


Чоколадо, слатки пити и сочни торти, пудинг… Има толку многу вкусни слатки нешта по кои често посегнуваме, што забораваме како се одразуваат на нашето здравје и телесната тежина.

Зошто толку уживaме во десертите?    

Благата храна содржи големо количество на шеќер, а со внесувањето во организмот, преку низа процеси шеќерите се претвораат во серотонин – состојка која влијае на расположението.

Иако добро се чувствуваме додека јадеме благо, секојдневното внесување на шеќери доведува до зголемена телесна маса, ризик од дијабетес, болести на срцето и крвните садови.


Внесувањето на големо количество шеќер нагло го зголемува нивото на шеќерот во крвта, а за кратко време тоа ниво нагло опаѓа, па повторно чувствуваме потреба од нешто благо. На овој начин се вртиме во круг, постојано посегнувајќи за вештачки и нездрав шеќер.
Здравите и природни шеќери се потребни за нормално функционирање на организмот. Кога ќе почувствувате потреба за нешто благо, не посегнувајте веднаш по торта или чоколадо. Повремено јадете друг вид храна која ќе ја задоволи вашата потреба за благо, а организмот ќе добие порција природен шеќер.

Јаболката, доматите и слаткиот компир се одлични за задоволување на потребата од шеќер. Циметот е уште еден начин да ја надминете оваа потреба, па користете го како зачин во замена за шеќер.

Овие неколку видови храна, заедно со циметот, ја намалуваат потребата на организмот за шеќер, а сепак организмот го добива потребното количество серотонин. Не само што ќе бидете поздрави, туку и ќе ја регулирате телесната тежина.

Слични Вести
Menu