Сликите направени “само за него”, ги гледаат многу повеќе луѓе отколку што мислите

Снимките направени само за неговите очи може да отидат подалеку отколку што некогаш би помислиле!

Ако ги испратите вашите послободни фотографии на личноста со која сте во врска (или сакате да бидете), имајте на ум дека многу други луѓе можат да ги видат тие снимки покрај него. Покрај тоа, веројатноста дека тоа ќе се случи не е мала – таа изнесува дури 25 проценти!

Според студијата во Велика Британија во која учествувале дури 6.000 луѓе пред неколку години, секој четврти испитаник не можел да одолее да не покаже или дури и да испрати гола фотографија што ја добил на барем еден пријател, а повеќето од нив ја споделувале барем со уште три!

Меѓу испитаниците не биле само мажи, туку и девојки, а истражувањето покажало дека мажите го прават тоа два пати почесто од жените, без оглед на возраста на учесниците во ова истражување.

Затоа, бидете многу, многу внимателни кога испраќате голи фотографии … или само почекајте да му ја покажете на партнерот новата долна облека во живо!

You might also like
Menu