Ги шокирала гинеколозите: родила 9 деца, а тие виделе помалку на ехо

Халима Сисе (25) им приреди огромно изненадување на лекарите кога родила дури девет бебиња, две повеќе отколку што гинеколозите виделе на ултразвук, објави Министерството за здравство во Мали.

Сите бебиња се родиле со царски рез, а Халима им се придружила само на мал број жени кои родиле дури девет бебиња.

Приказната за бременоста на Халима Сиса ја окупираше западноафриканската нација и го привлече вниманието на тамошните лидери.

Кога лекарите во март рекле дека и треба посебна грижа од лекари специјалисти, привремениот премиер Бах Ндав нареди бремената жена да биде испратена во Мароко, каде што се породи во една од тамошните болници.

Таа родила пет девојчиња и четири момчиња.

„Мајката и бебињата засега се чувствуваат добро“, изјави за AFP министерката за здравство на Мали, Фанта Сиби, велејќи дека информациите ги добила од докторка од Малија, која ја придружувала Халима во Мароко.

You might also like
Menu