Сакал да направи куќичка во дрво за децата, а сега куќата се издава на Airbnb и е екстремно популарна

Голем број луѓе се пофалија со проектите што успеале да ги завршат за време на карантинот. Некои се тетовираа, некои направија обиди за разубавување, а овој човек направи огромна куќа на дрво.

Pocnal-da-pravi-kukjichka-na-drvo-za-decata-napravil-prekrasen-apartman-za-gosti-01.jpg

Нема дете што не би посакало да има своја куќичка на дрво, а овој татко иако прво сакал да им ја исполни желбата на своите деца, завршил нешто што подоцна го претворил во сопствен бизнис.

Куќата на дрво во Сук, на островот Ванкувер (Британска Колумбија) стана вистинска атракција на социјалните мрежи, а го привлече вниманието и на тамошните медиуми. Целта на Тајлер Бон, кој по професија е столар, првично била да направи куќичка на дрво за неговите деца.

kukja-drvo-7.jpg

„Кога ја завршивме излезе дека е премногу убава за децата“ – вели тој за CTV News.

Иако кога ќе се спомне куќичка на дрво, помислувате на мала градба што едвај се држи на гранките, оваа куќа воопшто не наликува на такво нешто. Како што вели Тајлер, тој истражувал на интернет и сѐ што му се допаднало се обидел да го вметне во изградбата.

Па, сега куќата има дневна соба, кујна, голема спална и бања. Исто така, во „куќичката“ има и струја, вода и гас. Откако проектот бил готов, наместо да биде игралиште за деца, Тајлер и неговиот партнер кој му помогнал во изградбата, Медисон Гронтер, одлучиле да го пренаменет во „апартман во воздух“ и да го издаваат на Airbnb.

kukja-drvo-5.jpg

Овој апартман беше отворен за гости на 1-ви април годинава и веднаш стана вистински хит. Сосема е јасно зошто е голем интересот за оваа „куќичка“ ако се погледнат фотографиите.

Слични Вести
Menu