Италијански гратчиња продаваат куќи за 1 евро, но ренвирањто е “солено”

Со цел да се ревитализираат општините и да се зголеми бројот на населението, италијанските градови воведоа нови мерки – можете да купите куќа за само едно евро. Така оваа жена од Калифорнија наместо една купила три куќи во гратчето Мусомели на островот Сицилија.

italijanski-gratchinja-prodavaat-kukji-za-1-evro-amerikanka-kupila-tri-a-renoviranjeto-kje-ja-chini-60-000-evra-01.jpg

Рубија Даниелс која работи како консултант за соларна енергија била меѓу првите што купиле вакви куќи на распродажба во пролетта во 2019-тата година. Таа сега е сопственик на три куќи: една за неа и две за нејзините деца.

Откако прочитала за понудите на интернет, Рубија која инаку говори италијански и со години имала намера да се пензионира таму, одлучила да вложи во имот. Нејзините деца имаат различни намери за тоа што би правеле понатаму со имотот, а најмалиот син планира да отвори бразилско кафуле.

Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-02.avif.jpg

Околу 25 региони во Италија веќе даваат вакви понуди со коишто можете за неверојатно ниски цени да купите куќи. Но, секако постојат и услови.

Ако купите куќа во Мусомели имате рок од три години да ја реновирате или ќе го загубите првичниот депозит што го плаќаат купувачите, што е околу 5.000 евра.

Во голем дел од овие региони населението старее, па на тој начин се обидуваат да донесат ново население. А, како што открива и Рубија, имотите што се нудат на продажба се доста запуштени.

Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-03.jpg.jpg

„Луѓето мора да бидат реалистични. Ако ми продавате куќа за едно евро, знам дека ќе мора да ја поправам. Тие го ревитализираат градот и затоа куќата ја добивате за едно евро. Потоа мора да се фатите за работа“ – вели таа, пренесува Sun.

Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-04.jpg.jpg

Така, Рубија досега потрошила околу 12.000 долари за реновирање на првата куќа, а очекува дека за целосното реновирање ќе ѝ бидат потребни 20.000 долари, или за трите куќи вкупно 60.000 долари.

Повеќе фотографии во продолжение:

Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-05.jpg.jpg
Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-06.jpg
Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-07.jpg
Italijanski-gratchinja-nudat-kukji-za-cena-od-edno-evro-Amerikanka-kupila-tri-kukji-sega-treba-da-vlozi-60000-evra-za-renoviranje-08.jpg
You might also like
Menu