Интересни факти за повеќе земји од светот што сигурно ќе ви изгледаат необични

Азија: Жителите носат заштитна маска уште пред пандемијата

Во азиските држави, како Јапонија и Кина, уште пред пандемијата болните луѓе носеа маски за да не заразат некој друг.

Норвешка: Родителите ги оставаат децата на попладневна дремка надвор во количка, дури и кога е многу студено

Финска: Повеќето жители имаат сауна во својот дом

Словачка: Луѓето чуваат риби во кадата пред Божиќ

„Купуваме живи риби, па ги оставаме неколку денови во кадата пред да ги изедеме“.

Ирска: Ако мајката на вашиот пријател ви понуди храна, треба да ја одбиете неколкупати, па дури потоа да прифатите

Данска: Ако не стапите во брак до 25-иот роденден, пријателите ќе ве заврзат за дрво и ќе фрлаат цимет кон вас (не го пробувајте ова, може да биде опасно)

Швајцарија: Сè треба да биде преведено на три јазици

„Овде се зборуваат германски, француски, италијански и, поретко, реторомански јазик. Ако имате каков било бизнис, вашиот веб-сајт, брошурите и слично, треба да бидат достапни на најмалку три јазици. Во некои мали села, и во кино-салите има по три преводи на филмовите кои го зафаќаат половина платно“.

Шведска: Во зима, речиси сите ги разладуваат пијачките во снегот

Русија: Жителите можат да имаат два пасоши „Едниот е само за во државата, нешто како личната карта во другите држави. Вториот е интернационален пасош, и ако сакате да извадите, треба да платите околу 70 евра“.

Шведска: На Гугл можете да најдете лични податоци за секој жител, и тоа неговата адреса, каков автомобил вози, колку заработува…

Бразил: Повеќето луѓе се опседнати со орална хигиена

„Кај нас често ќе видите како луѓето си ги мијат забите во јавен тоалет или на работа. Покрај тоа, јадеме пица со нож и виљушка“.

Во Канада се продава млеко во кеса. Додека ние можеби се сеќаваме на периодот кога и кај нас се продаваше млеко во ваква амбалажа, за многу луѓе ширум светот, ова е навистина чудно.

Аргентина: Кога ќе дипломирате, семејството и пријателите прославуваат така што фрлаат јајца, брашно, масло, генерално храна, врз вас.

Слични Вести
Menu