Полемика: во светската престолнина на пицата – Рим, поставен апарат за инстант пица. Локалците ужаснати

Автоматот е на компанијата Мр. Гоу пица, а поставен е на плоштадот Болоња .Спрема еден од четирите различни видови пица, по избор на нарачателите, по цена од 4 до 6 евра.

Машината „во живо“ го меси тестото, не е со замрзнати пици, па ги расфрла додатоците што сте ги избрале. Потоа можете преку мало прозорче да го следите печењето на пицата.

Локалците во најдобар случај не се воодушевени од резултатите што излегуваат од автоматот, во најлош се згрозени.

На едни им е убава, ама не е пица, на други им личи дека е вкусна, ама е помала од онаа во рестораните и има помалку заире на нив. За дел од повозрасните целиот концепт е ужасен, а има и такви кои не сакаат мешање на машините во правењето пица, порачувајќи „мислам дека никогаш не би ни можел да јадам пица направена од машина.“

Слични Вести
Menu