Нова мака во Индија: ретка габична инфекција ги напаѓа оние што прележале Ковид

Вториот бран на коронавирус ја погодува Индија, со најголемо дневно зголемување на нови случаи во светот, а лекарите, покрај тоа што страдаат од огромен број на пациенти и недоволен болнички капацитет, се соочуваат и со зголемување на ретки габични инфекции на мукормикоза, која ги напаѓа оние што се опоравуваат или се опоравиле од Ковид.

Тоа е многу ретка габична инфекција кои најчесто се наоѓа во почвата и гнилите растенија.

Едно лице се инфицира со вдишување на спори, а болеста се јавува кај луѓе со ослабен имунолошки систем или кај оние кои имаат дијабетес, хронично користат кортикостероиди, имаат метаболна ацидоза или имаат трансплантирани органи.

Ги напаѓа синусите, очите, мозокот и белите дробови и може да биде фатален за дијабетичарите или оние со рак и сида.

Една од оние кои се борат со оваа габична инфекција е 25-годишна Индијка со дијабетес, која се опоравила од коронавирусот пред три недели.

Слични Вести
Menu