Палачинки! Ретко кој може да им одолее. Проблемот е само што се многу калорични и се вбројувааат во она што се нарекува нездрава храна. Затоа еве рецепт за палачинки кои се здрави, а вкусни. Ќе уживате во вкусот, посебно децата.
– 100 гр. овесни снегулки
– 100 гр. брашно
– 120 мл. млеко
– банана
– две јајца
– две лажици мед
– пола лажица ванилен шеќер
– половина лажица прашак за пециво
– малку сол и сода бикарбона
– 50 гр. растопен путер
– 100 гр. малини
– јаболки
– 50 гр. јагоди
– банани
– 50 гр. бадеми
Згмечете ја бананата со вилушка, додадете јајца и изматете, па додадете ги брашното, овесните снегулки, растопениот путер, млекото, прашакот за пециво, ванилниот шеќер, содата, солта и медот. Сето тоа убаво соединете го и оставете го да отстои 15 минути.
Во тавче загрејте малку масло, па печете ги палачинките на умерена температура додека не поруменат од двете страни. Украсете ги со овошје и бадеми и послужете.