Старата и еднолична тераса ја претворила во вистинска оаза за уживање Видео кое ќе ве воодушеви

Една девојка докажала дека за трансформација на тераса или било кој друг простор не се потребни многу пари туку малку креативност и добра организација.

Таа од старата, потполно празна тераса направила вистинска оаза за уживање и одмор. Сè што употребила е подлога, неколку саксии и цвеќе, неколку столчиња, перници и светилки, а веројатно повеќето од овие работи веќе ги имате во својот дом.

Сè што не користите може да го употребите како декорација, а ова видео нека ви послужи како инспирација како да го уредите овој дел од домот.

Можете да искористите пластична подлога како оваа која таа ја употребила, но убаво би изгледала и вештачка трева. Каменчињата покрај ѕидот се интересен детаљ кој направиле терасата да изгледа уште поубаво, а светилките ѝ даваат посебен печат и создаваат магија.

Слични Вести
Menu