Ова е луксузниот остров каде се повлече Мелинда Гејтс по разводот со Бил :ноќевање чини “само”132.000 долари

Островот Калвињи, на кој се наоѓаат Мелинда и децата, има 25 апартмани и во сопственост на францускиот милионер Жорж Коен. Коен го преуредил во прибежиште за богатите и славните. Американската поп ѕвезда Џастин Бибер го изнајмил островот за својот 21-ви роденден во 2015-та година, а го посетило и семејството Кардашијан. На овој карипски остров  престој за една вечер чини 132.000 долари.

Уште не е јасно што го предизвикало крајот на бракот, но познато е дека Мелинда прва поднела барање за развод велејќи дека нивниот однос е “неповратно нарушен”.

Нивната 25-годишна ќерка Џенифер Гејтс јавно зборувала по тоа прашање. На својот профил на Инстаграм напишала дека семејството Гејтс моментално минува низ “предизвикувачки времиња”.

За разводот не се откриени други детали, но постојат гласини дека главна причина за истиот била наводната афера на Бил со младата кинеска преведувачка Же Шели Ванг, која работела за филантропската организација на Гејтс. Медиумите се сконцентрирале и на годишните одмори на милијардерот и неговата поранешна девојка Ен Винблад – со која бил во врска пред Мелинда.

Слични Вести
Menu