Генијална бизнис идеја: најпознатата тераса на Инстаграм и најпосетуваната “знаменитост”во Истанбул всушност е обична тераса

Иако Истанбул претставува туристичка дестинација сам по себе, популарноста на оваа локација во последно време ги надмина останатите знаменитости на градот, што го потврдуваат и бројните фотографии од социјалните мрежи.Од препознатливата тераса која се наоѓа на врвот на една зграда се пружа еден од најубавите погледи кон овој град. Иако на прв поглед се чини дека се работи за кафуле или ресторан уреден во традиционален стил, станува збор за однапред припремен простор кој се изнајмув

а. Просторот е во склоп на фотографското студио „Taht“ во Истанбул. Фото студиото се прилагодило на модерните барања на пазарот, опремувајќи посебен простор за фотографирање на туристите, со целокупна сценографија и облека, а токму фотографиите од оваа тераса во склоп на студиото се најпопуларна разгледница на Истанбул.

Влезот изнесува 100 турски лири (10 евра), а во рамки на таа цена можете да изнајмите и традиционална турска облека. Исто така, понудата на фотографското студио опфаќа и професионална фотосесија, фотографирање на венчавки и снимање видеа.

Слични Вести
Menu