Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај тебе – не ја бркај. Викни ја на маса, како гостин и слушни што таа има да ти каже

Карл Густав Јунг е позитивен психолог и филозоф. Во било која нервоза и депресија, тој пронаоѓал импулс за ширење на свеста. Ова се неговите најдобри цитати кои ќе ви помогнат да се разберете и сфатите себеси онакви какви што навистина сте.

– Не го задржувај она што заминува од тебе, бидејќи нема да дојде она што доаѓа кон тебе.

– Ако човек не сфаќа друга личност, тогаш тој тежнее да ја смета за будала.

– Најтешкиот товар кој лежи на детските рамена – непроживеаниот живот на нивните родители.

– Твојата визија ќе стане јасна тогаш кога ќе го погледнеш своето срце. Оној кој го гледа од надвор, гледа само соништа, а оној кој гледа во себе, се буди.

– Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу тебе, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за тебе или неприфаќањето на твоите уверувања.

– Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај тебе – не ја бркај. Викни ја на маса, како гостин и слушни што таа има да ти каже.
jung
Фото: Screenshot/YouTube

– Ако си талентиран човек, тоа не значи дека нешто си добил. Тоа значи дека можеш нешто да дадеш.

– Она на кое се спротиставуваш – опстанува.
– Осудата не ослободува, туку гуши.

– Твојот поглед ќе стана јасен само тогаш кога ќе можеш да погледнеш во сопствената душа.

Слични Вести
Menu