Оние кои не сакаат или не можат да се вакцинираат, треба да користат мелатонин

Американски научници, во студија спроведена на повеќе од 26 000 пациенти, откриле дека мелатонинот може да заштити од инфекција со ковид 19. Додека државите се обидуваат да го спречат вирусот и да овозможат создавање колективен имунитет преку вакцинација и рестриктивни мерки, група истражувачи од повеќе американски универзитети го испитуваа влијанието на мелатонинот врз коронавирусот.

Мелатонин, исто така познат како „хормон на темнината“, е хормон на епифизата во мозокот, кој се лачи навечер (под влијание на сончевата светлина, аминокиселината триптофан во организмот се претвора во серотонин, кој навечер се претвора во мелатонин) и го регулира сонот.

Резултатите беа објавени во списанието PLOS Biology и ги потврдуваат претходните откритија на шпанските истражувачи од клиниката Марчен во Гранада за позитивните ефекти на мелатонинот, како во спречувањето на инфекцијата, така и во ублажувањето на симптомите.

Студијата е направена на 26.779 пациенти. Кај лица третирани со мелатонин, веројатноста да бидат позитивни на PCR тестот е намалена за 28 проценти. Кај афро-американската популација, тој процент достигнува дури 52 проценти.

Истражувачите од Гранада се пионери во оваа област и препорачаа употреба на мелатонин и во превенција на болести и во третман. Дополнителни придобивки од мелатонин се забележани кај други симптоми и болести, особено кај аденомиозата и ендометриозата кај жените и кај намален ризик од развој на разни форми на карцином кај двата пола.

Шпански научници препорачуваат употреба на мелатонин, особено за луѓето кои не сакаат да се вакцинираат затоа што имаат проблеми со плодноста.

You might also like
Menu