Постојат одредени разлики помеѓу мажите и жените што никогаш нема да бидат надминати. Меѓу нив се и разликите во сништата. Мажите најчесто сонуваат дека паѓаат, а жените дека некој ги прогонува.
Постојат одредени разлики помеѓу мажите и жените што никогаш нема да бидат надминати. Меѓу нив се и разликите во сништата. Мажите најчесто сонуваат дека паѓаат, а жените дека некој ги прогонува. Постојат соништа кои се повторуваат зачестено во некој период од животот или пак се појавуваат одново во различни периоди од животот. Разбирањето на сништата е клучно доколку сакаме да дојдеме до коренот на проблемите што се кријат зад нивната симболика.
Психијатарот Јан Волас, кој веќе 30 години се занимава со проучување на соништата, издаде книга во која ги толкува соновите што најчесто се повторуваат кај луѓето. Во текот на неговата кариера, Волас забележал преку 100 илјади различни сонови. Некои од нив се сонуваат само во одреден период од животот, други се повторуваат повеќепати, но сите имаат точно определено значење.
На пример, ако во сонот сте голи во просторија преполна со луѓе, тоа укажува на Вашите чувства во професоналниот или личниот живот, т.е. дека се чувствувате заробено или премногу ранливо.
Врз основа на тој сон, би требало да разговарате со шефот или партнерот и да се обидете да го разрешите проблемот, за кој може дури и да не сте биле свесни. Обидете се да дојдете до позадината на тој сон. Според овој реномиран психијатар, кај жените, во различни фази од животот, најчесто се повторува сонот во кој некој ги прогонува – што значи дека имаат проблем за којшто се свесни, но го игнорираат, а решението е да се освестат и да се соочат со него. Кај мажите, најчест сон што се повторува е оној во кој тие слободно паѓаат. Тој сон се толкува како страв од неуспех, без разлика дали се работи за љубовен, личен или пак професионален.
Доколку сонот се повторува многупати едно по друго, а врз него не може да се повлијае со автосугестија, најдобро е да се разговара со психолог или психијатар и да се дојде до сржта на проблемот. На врвот на листата на непријатни сонови што се повторуваат се уште и: доцнење на важен состанок, паѓање во амбис со возило на кое му откажале сопирачките, заробеност во непозната просторија, но и сонови со животни од кои имате фобија.