На првиот трејлер од документарниот филм за принцот Хари, кој ја документира неговата ментална состојба во серијалот со Опра Винфри, се прикажани неколку снимки од него и принцот Чарлс од погребот на неговата мајка.
Хари се согласи да соработува со цел да сними документарец наречен „Јас, кој не го гледате“.
На некои делови, јасно е прикажан неговиот разговор со Опра за неговата ментална состојба.
„Донесувањето одлука за добивање стручна помош не е знак на слабост. Напротив, во денешниот свет, тоа е, повеќе од кога било, знак на сила”, истакнува младиот принц.
Во делот се документирани трогателни снимки на кои тој и принцот Чарлс стојат и зборуваат на погребот на неговата мајка, принцезата Дајана.
Сепак, на овој трејлер не се прикажани само принцот Хари, туку и неговата сопруга Меган Маркл и синот Арчи.
Војводата од Сасекс исто така вели дека сакал да ги напушти кралското семејство и корените, бидејќи пред 15 години видел што и направила британската круна на неговата мајка.
Соодветно на тоа, младиот принц истакнува:
„Во раните дваесетти години си реков дека не го сакам ова, не ја сакав круната, не ја сакав оваа работа затоа што видов што и направија на мајка ми“.
Да бидат работите уште полоши, внатрешната борба станала посилна во моментот кога тој си го постави прашањето:
„Како некогаш ќе се средам ќе најдам жена и ќе создадам семејство, кога ги знам сите овие работи за кралското семејство?“
Раскошот и убавината на британската круна се само илузија на вистинската реалност на ова кралство. Соодветно на тоа, принцот Хари нагласува:
„Бидејќи знам, бидејќи ги видов семејните работи зад завесите, знам како тие работат, затоа не сакам да учествувам, а камоли да бидам дел од тоа.
Поради сите настани и проблеми што ги имаше поради напуштање на својата позиција, тој мораше да ги отстрани сопругата и синот од потенцијалните опасности со преселување во Калифорнија.
За крај, принцот Хари нагласува дека не го обвинува своето семејство за настаните од минатото, но сигурно знае како и на кој начин ќе го воспитува својот син Арчи.