Лажица мед пред спиење за слабеење, добар сон и уште многу други причини

Слабеењето и проблемите со спиењето се теми кои ги  мачат многумина, а решението може да го понуди диетата за хибернација, во која процесот на слабеење, како што сугерира името, започнува во текот на ноќта, а истовремено ви помага спиете подобро.

Клучното правило на оваа диета е да земете една до две лажици мед пред спиење, без разлика дали во топол пијалок, во смуди  или директно од теглата.

Диетата е осмислена од британскиот фармацевт и нутриционист Мајк Мекинс, кој вели дека истовремено работи за подобро спиење и губење на тежината, едноставно со употреба на биологијата на нашето тело соработувајќи со него, а не против него.

Диетата за хибернација го „регрутира“ природниот механизам на организмот за контрола на телесната тежина. Не мора да се борите со вашето тело на секој чекор за да постигнете здрава тежина, истакнува Мајк Мекинс.

Клучот е во тоа што регенеративните механизми на организмот се активираат во текот на ноќта, забрзувајќи ги метаболичките процеси и согорувањето на мастите, олеснувајќи ги ефектите на стресните хормони и помагајќи ни да спиеме подобро во текот на ноќта. И тука доаѓа медот.

Пред да пристапите кон оваа диета добро е да знаете дали истата е соодветна за вас.

Поставете си ги следниве прашања:

Дали редовно се будите во текот на ноќта?
Дали се потите навечер?
Дали страдате од рефлукс во текот на ноќта?
Дали се будите среде ноќ затоа што треба да одите во тоалет?
Дали чувствувате мачнина рано наутро?
Исцрпен си?
Дали ви е суво грлото наутро?
Дали имате грчеви во текот на ноќта?
Дали се чувствувате слаби рано наутро?

Ако вашиот одговор е „да“ на било кое од овие прашања, тоа може да значи дека не сте го „снабдиле“ црниот дроб со гориво што му треба за правилно функционирање навечер. Наместо да согорува маснотии и да ги обновува мускулите, вашето тело произведува хормони на стрес додека спиете.

Медот одамна е ценет за неговите терапевтски својства. Авторот на диетата за хибернација тврди дека фруктозата и гликозата во медот му даваат на организмот гориво што му е потребно во текот на ноќта, со што се контролира рамнотежата на нивото на шеќер во крвта и се стимулира согорувањето на маснотиите. Додека спиете, медот ќе го стимулира црниот дроб и ќе го намали дејството на стресните хормони кои го отежнуваат губењето тежина и спиењето.

Но, диетата за хибернација не се базира само на мед. За најдобри резултати, важно е да се следи режим на здрава исхрана, што значи избегнување на преработена храна како бел леб, пица, хамбургери, чипс, пиво и шеќер и консумирање храна што содржи хранливи материи корисни за нашето тело, без непотребни додатоци.

Диетата за хибернација препорачува две или три вежбања со отпор неделно. За тоа не мора да одите во теретана – и дома можете да користите лесни тегови или вреќи исполнети со шеќер или ориз за да вежбате. И во јогата и во пилатесот, постојат вежби за отпор кои можете да ги испробате.

Слични Вести
Menu