Најпопуларното порнографско видео од 90-те во серијата “Pam&Tommy”

Актерката Лили Џејмс, која во последно време е во центарот на вниманието на јавноста поради аферата 20 години постариот Доминик Вест, ќе ја игра заносната Памела Андерсон во серијата “Pam&Tommy”, а сега се појавија и првите фотографии.

Серијата е инспирирана од животот на познатата Памела Андерсон, а фокусот ќе биде на нејзината бурна љубовна приказна со музичарот Томи Ли.

Осумте епизоди од оваа серија ќе се занимаваат и со кражбата на нивното сексуално видео, кое го направија на меден месец летото 1995 година, и кое стана едно од најпопуларните порнографски видеа во текот на 90-тите.

Инаку, видеото го украде електричар кој работеше на реновирање на нивната вила, а тој тоа го направи со цел да му се одмазди на Томи, кој не му платил за сработеното.

Парот  беше заедно од 1995 до 1998 година, а во тој период имаа и два сина – Брендон и Дилан, но тие не се вклучени во реализацијата на проектот.

Памела пред неколку дена рече дека не мисли ништо добро за серијата што се снима.

Изборот на главните актери во овој филм е особено интересен – улогата на Памела ја доби британската актерка Лили Џејмс, која се прослави во филмовите „Пепелашка“ и „Мама миа 2“.

Ликот на Томи ќе го толкува американскиот актер со романско потекло Себастијан Стен.

Слични Вести
Menu