Кина работи на изградба на копија на познатиот брод „Титаник“, кој треба да стане туристичка атракција во забавниот парк Сечуан.
Работата на копијата треба да заврши до крајот на годината и ќе биде на копно.
Менаџерот на проектот „Кинески Титаник“, Су Џуниан, рече дека завршена е изградбата на главната палуба.
Изградбата започна во 2014 година и инвеститорите инвестираа 155 милиони долари во проектот.
„Посетителите ќе го почувствуваат луксузот и величината на Титаник. Ние исто така ќе го копираме пристаништето во Саутемптон од тој период, и парните машини, кабината со кормилото, вклучително и базенот, теретаната и за време на турнејата посетителите ќе слушнат приказни за Титаник “, рече
Тој изрази очекување дека ќе има пет милиони посетители годишно. Пред скоро 110 години, на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк, славниот брод удри во санта мраз и потона во Атлантскиот океан. Повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот ги загубија своите животи.