Овие чевли ќе бидат хит претстојново лето

Иако чевлите со високи потпетици поради глобалната пандемија и потребата за удобност, во последните неколку месеци се во втор план, нивните верзии со потпетица висока само неколку центиметри и понатаму се посакувани.

Во прилог на тоа зборува и богатата понуда на ваквите чевли на полиците во продавниците.

Таканаречените „slingback“ чевли чија главна карактеристика е отворениот дизајн на петите, денес се најпосакувани со додаток на минијатурна потпетица.

Овој тип чевли ѝ ги дава потребните центиметри на фигурата без жртвување на удобноста, а со самото тоа не нè чуди популарноста која ја уживаат на модната сцена.

Во прилог на популарноста на овие чевли доволно говорат и податоците на модниот пребарувач „Lyst“ според кој пребарувањата за нив значајно пораснале во првите месеци од 2021 година, а со својот елегантен изглед неретко ги надминуваат и класичните салонки.

Слични Вести
Menu