Супермоделот Наоми Кембел на 50 години стана мајка

Наоми Кембел стана мајка – 50-годишниот супермодел објави фотографија на својот Инстаграм профил на која се гледа како во раката држи бебешки стапала, а под фотографијата напишала емотивен текст.

„Прекрасен, мал благослов кој ме одбра мене да бидам нејзина мајка. Толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во својот живот, не постојат зборови со кои би ја опишала врската која сега ја споделувам со мојот ангел. Нема поголема љубов од оваа“, напишала Кембел под фотографијата.

Сè уште не е познато дали девојчето е биолошко дете на славната манекенка или пак станува збор за посвојување.

За потсетување, Кембел неодамна призна дека постојано размислува за тоа колку би било убаво да има дете.

„Сега, кога науката е напредна, мислам дека тоа можам да го направам кога ќе посакам. Ќе видам што ќе ми донесе универзумот“, изјави таа неодамна за „Metro“.

Слични Вести
Menu