Атрактивните “Ураганки” од Србија ја запалија Евровизиската сцена и социјалните мрежи (видео)

„Ураганкие“ со песната „Локо Локо“ настапија под реден број 9 каде со гласот, танцот, косумите и кореографијата ја кренаа публиката но и гледачите на нозе.


Србинките на Евросонг донесоа енергија, мелодичност, певлив рефрен, одлични гласови, и пееа на српски – не се додворуваа со англискиот, ниту комбинираа туку со својот настап овозможија нивната песна да дојде до сите – без оглед на јазикот.
Дури и нивните конкуренти станаа и играа за да по настапот громогласно им аплаудираат…
И’, воопшто нема да не изненади ако „Локо Локо“ стане голем ХИТ а делот од рефренот (оние два магични збора“ во овој случај „локо локо“ сите ги потпевнуваат.
Погледнете го настапот на „Ураганки“ кои како ураган минаа на евровизиската сцена.

Слични Вести
Menu