Не е Малдиви : оваа рајска плажа е на 700 км од Македонија

Кога ќе се спомене плажа како од рајот, првата асоцијација кај многумина е Малдиви. Но, таква рајска плажа со кристално чисто, сино море и борова шума има и на околу 700 километри од Македонија. „Златни рат“ со својата должина од околу 530m е една од најспектакуларните хрватски плажи. Во зависност од ветрот и морските струи таа го менува обликот и позицијата.

„Златни рат“ е бисерот на хрватскиот туризам и со години е една од најпосетуваните плажи на приморјето. Лоцирана е во близина на Бол, јужно на хрватскиот остров Брач, послана со ситен, златен песок.

Изгледа дека кога природата некаде дарувала убавина се заборавила, а Златни рат е доказ дека рајот може навистина да е многу блиску до нас. Поточно, 733 km.

Слични Вести
Menu