Васил Гавранлиев за својата геј ориентација: “На мајка ми и признав на 16 години”

Овогодинешниот претставник на Македонија на Евровизија пред некое време ја отвори душата и јавно прозборе за својата приватност и откри дека е геj, во интервју за „Репортер“.

Васил Гарванлиев откри дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. За неа вели дека е моредна жена и добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“, кажа Васил за „Репортер“.

Тој претходно во интервју за британскиот магазин „Атитјуд“ раскажа дека неговата определба долго време била јавна тајна и меѓу роднините и меѓу пријателите. Иако повеќето претпоставувале дека е геј, никој јавно не зборувал за тоа, па додека е тука во Македонија морал да се преправа дека е нешто што не е.

„Мислам дека молчев до моите 27-28 години. Ќе дојдев во Македонија, и никој не зборуваше за тоа. Кога се женеше брат ми, на свадбата бев со мојот тогашен партнер, и тој седеше на масата покрај мене. Беше неверојатно бидејќи никој не коментираше јавно. Од друга страна, ни ние не викавме на глас дека сме заедно“, додава Васил и вели: „Кога се вратив да живеам во Македонија во 2018 година за да се фокусирам на кариерата, сфатив дека по повеќе од 20 години, јас пак ќе морам да молчам за тоа што сум“.

Тој во интервјуто вели дека решил да биде тоа што е.

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Повеќето членови на ЛГБТИ заедницата кај нас и денес се кријат. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, мал третирање. Како уметници, ние сме одговорни да зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, додава Васил.

Слични Вести
Menu