Го престигна Безос и стана најбогат човек на светот: заработил 110 милјарди долари за време на пандемијата

Францускиот моден магнат Бернард Арно стана најбогат човек на светот.

Тој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот. Списанието „Форбс“ го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе од она на Безос.

Богатството на Арно, кое чинеше 76 милијарди долари во март лани, скокна за 110 милијарди долари поради деловната активност на неговата „Луј Витон Груп“ (ЛВМХ), чии членови се „Фенди“, „Кристијан Диор“, „Живанши“.
На трето место е сопственикот на Тесла, Елон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

You might also like
Menu