Ова е најновиот архитектонски тренд за фасадите

Се почесто можеме да забележиме убави модерни куќи или згради кои делумно имаат дрвени фасади. Причините се повеќе. Познато е дека дрвото важи за многу квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвото по обработката и поставувањето на ѕидовите се третира со водоотпорни премази, ефикасно спречувајќи влага. Интересен е фактот дека дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.

Но секако главната причина за дрвените фасади е препораката од архитектите и градежните инженери кои ги знаат градежните својства на дрвото, и пред се високата естетска вредност со која придонесуваат во изгледот на одреден објект.  “Дрвото е совршен градежен материјал во природна смисла, порозно е и дише, т.е. овозможува оптимална влажност и топлина, а температурата на дрвените трупци во внатрешноста секогаш е еднаква на температурата на воздухот во тие простории. Дрвото го спречува статичкиот електрицитет и циркулација на прашината во просториите” сметаат градежниците.

Слични Вести
Menu