Онлајн шопинг: Нарачала луксузен фустан, добила партал

Купувањето на интернет може да е благослов, но и проклетство – особено кога станува збор за нарачувањето гардероба oд непознати онлајн продавници. Една девојка тоа го почувствувала на сопствената кожа, зашто наместо саканиот фустан буквално добила партал.

Фустанот кој се продавал по речиси 33 долари, бил со длабок шлиц од едната страна, а на моделот стоел како лиен. Она што и стигнало не било ни слично со понудениот модел.

Натали Тајсон (22) на ТикТок објавила видео кое за помалку од една недела собрало повеќе од 7 милиони прегледи.– Плачам од смеење, напишала во описот под видеото.Богами и за плачење е.

Слични Вести
Menu