Јагодите потопете ги во солена вода пред да ги јадете – ќе видете што се не ќе излезе од нив

Сезоната на јагоди започна и освен што се многу вкусни, тие се добри и за здравјето, затоа треба да ги консумирате и да уживате додека ги има. Но, освен што треба добро да ги измиете пред јадење, на ТикТок има многу видеа кои покажуваат зошто би било добро да ги потопите во солена вода.

На овој начин, ќе ја отстраните целата нечистотија од нив, сите бубачки и црви ќе излезат од нив, и верувајте има и такви, кои едноставно не можат да се видат со голо око!

На бројни снимки, луѓето покажуваат како истураат вода во сад, додаваат сол, оставаат да се раствори, а потоа додаваат јагоди и оставаат да стојат. Колку долго ќе стојат во солена вода зависи, некои велат пет минути, а некои до половина час, но факт е дека после тоа веќе нема да гледате јагоди со исти очи.

Слични Вести
Menu