Ѕирнете во недвижностите на Роман Абрамович од кои”боли глава”|

Недвижнините на Роман Абрамович, се проценуваат во вредност од скоро 500 милиони евра. Еве како изгледаат некои од нив:

Тој поседува две престижни куќи во Лондон, една на Карибите, има француски замок и уште неколку недвижнини. Неговото последно инвестирање во недвижнини е во Тел Авив, со кое му се појавија проблеми со визите во Велика Британија. Дознавме дека тој се обидува да го удвои просторот за живеење за неговата нова вила. Всушност, зградата што ќе се претвори во негова вила со дванаесет спални е поранешен хотел за кој тој платил околу 20 милиони евра.

И покрај неговите визни проблеми, Роман Абрамович, вреден најмалку девет милијарди евра, сепак ги поседува едни од најдобрите недвижнини  во Лондон. Има огромна вила во „Кенсингтон палас“,која се нарекува и „Низа на милијардери“, како и пентхаус со три спални купена во ексклузниот станбен блок „ Chelsea Waterfront “.

Покрај тоа, тој поседува имот низ целиот свет, вклучувајќи и ски-ложа во стилот на Џејмс Бонд и ранч во САД, рајска викендица на Карибите и замок на југот на Франција и две јахти, приватен авион…

You might also like
Menu