Двојничка на холивудските ѕвезди открива како се снимаат секси сцените

Кога холивудските актерки не сакаат да снимаат секс сцени, ја викаат Кери Паркер. Атрактивната црнокоса го има „заменувано“ и телото на Меган Фокс на филмски сет при секс сцени.

Двојничките на најголемите холивудски ѕвезди кои на сетовите со своите тела ги заменуваат нивните при снимање на секс сцени, откриваат детали од зад камерите.

Тие откриваат дека долго време ги проучуваат движењата на ѕвездите за да може потоа добро да ги одглумат.

dvojnichka-na-holivudskite-dzvezdi-otkriva-kako-gi-snima-seks-scenite-02.jpg

Кери Паркер од Велика Британија која одамна го работи ова вели: „Откако режисерот ќе нѐ позиционира во кревет долу ставаме специјална т.н. перница за интимност во случај актерот да не може да се исконтролира. Може да се случи такво нешто, па ова е за комфор на сите и за зачувување на личниот простор.“

Кери ги има заменувано актерките Џесика Рејн во филмот Robin Hood и Меган Фокс во How to Lose Friends and Alienate People, како и низа други актерки.

dvojnichka-na-holivudskite-dzvezdi-otkriva-kako-gi-snima-seks-scenite-03.jpg

Кери вели дека ова го работи откако се преселила во Холивуд пред 16 години. Прво работела како модел, па потоа извесен период живеела како Плејбој зајачица во вилата на Хју Хефнер.

Пред снимањето на филмовите таа, покрај прочување на актерките, прави и интензивен режим од вежби и исхрана.

Пред секс сцените си става и лента на најинтимните делови и открива дека снимањето на ваквите сцени некогаш може да трае и до 6 часа.

„Поголемиот дел од времето лежите и правите општи разговори за времето на пример. Да се преправате дека се чувствувате секси додека цела екипа ве набљудува е навистина тешко“, додава таа.

You might also like
Menu