“Никогаш не мислев дека гласот ќе ме напушти” – Шакира за најтешкиот период во животот и борбата со депресијата

Латино-sвездата Шакира имала сериозни проблеми со гласните жици пред четири години, а дури сега проговорила за тој тежок период.
Сериозно оштетување на гласните жици, вели таа, ја довело до депресија. Не можела да зборува некое време, па со децата и нејзиниот партнер комуницирала со гестикулации.

– Никогаш не мислев дека, од сè, мојот глас, кој е толку вкоренет во мојата природа, ќе ме напушти. Тој е мојот идентитет, а невозможноста за пеење беше неподнослива – изјавила таа за „The Guardian“.
Таа откри како се чувствувала кога станала депресивна

– Беше многу тешко да се биде близу мене, мојот сопруг го доживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ни да станам од кревет затоа што дозволив депресијата да ме обземе. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува – рекла таа.
Лекарите ја советувале да оди на операција на гласните жици, но нејзиниот глас се вратил пред да замине под нож. Поради проблеми со гласните жици, таа мораше да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ во 2018 година, кога потполно се опоравила.

Извор: „The Guardian“.

Слични Вести
Menu