Постојат едноставни трикови за просторијата да изгледа поголема, а да не мора многу да вложувате во тоа.

Завесите ќе го зголемат просторот и ќе направат целата соба да изгледа поголема, вели дизајнерката за ентериер, Еби Копловиќ. Кога ќе ја одредувате висината на која ќе ги закачувате завестие, рамката на прозорецот не треба да ви ја одредува должината.
Ако завесите ги поставите над рамката на прозорецот, тие ќе ја покријат цела должина на ѕидот, а тоа визулено ќе ја продолжи собата, оставајќи впечаток дека таванот не надвиснува над вас, вели Кети Бакер, експерт за продажба на луксузни куќи.
Осветлувањето е уште еден важен елемент за искористување на прозорците, за дневната соба да изгледа поголема. Дизајнери од Њујорк предлагаат избор на завеси изработени од лесни и прозрачни ткаенини. Избегнувајте богато ‘набрани’ завеси , бидејќи ќе го отежнете минувањето на светлината.

Ако сакате уште повеќе да го зголемите чувството на пространост, искористете огледало.
„Огледалата делуваат речиси во секој простор и ја рефлектираат светлината, а на тој начин помагаат просторијата да изгледа поголемо и посветло. Огледало може да се постави на ѕид наспроти прозорецот“, додала Бакер.
Исто така, предлага и стаклени маси и полици, како уште еден начин да ја искористите рефлекцијата.